Реал Мадрид и Барселона почнаа со работа: Тестови за коронавирус за ѕвездите

Бензема, Начо, Бејл, Азар, Карвахал, Марсело и Менди  – ова се фудбалерите кои рано утрово ја сочинуваа првата група која пристигна во тренинг центарот на Реал Мадрид за тестирање на коронавирусот. Ова е прва официјална активност на клубот по прогласувањето прекин во Ла Лига на почетокот од март. Сите играчи на Реал ќе минат низ тестирањето, по добивањето резултати, сите треба да бидат негативни, клубот ќе може да почне со тренинзи, но индивидуални или во помали групи.

Слично и е во Барселона. Утрово пред девет часот, во кампот на каталонскиот клуб, помина првата тура фудбалери за тестирање. Протоколот го минаа и Лео Меси, Луис Суарез, Артуро Видал, Антоан Гризман.

Во Шпанија имаше жестоки реакции на тоа дека фудбалските ѕвезди ќе бидат тестирани. Противниците на ова велат дека комплетно здрави фудбалери ќе добиваат предност пред „обичните“ луѓе кои имаат здравствени и финансиски проблеми. Тестирањето на играчите е обврска која ја презедоа клубовите пред шпанската влада за да можат полека да се враќаат во тренажен процес.

Се вчитува...