Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се вклучија во трката за Тимо Вернер

Германскиот репрезентативец Тимо Вернер игра одлична сезона во дресот на Лајпциг и го привлече вниманието на најголемите европски клубови. Прв „загриза“ европскиот првак Ливерпул, но во трката се вклучуваат и Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. „Кралевите“ промашија со ангажманот на Лука Јовиќ и во Вернер гледаат нова опција за нападот, а „ѓаволите“ бараат ново решение за голгетерската криза.

Тимо Вернер има договор со Лајцпиг до 2023 година и клаузула од 60 милиони евра што може да се активира до април оваа година. Лесно може да се случи тој да го напушти бундеслигашот во летниот преоден рок.

Се вчитува...