Реал Мадрид и по вторпат го „здроби“ Макаби

Кошаркарите на Реал Мадрид славеа и по вторпат во пресметката против Макаби Тел Авив од плеј-офот во Евролигата.

„Кралевите“ славеа со 95-66 против израелскиот тим за 2-0 во серијата.

Шпанците од самиот старт наметнаа победнички ритам кој го одржуваа до крајот на натпреварот, за веќе сериозен пат кон следната фаза од натпреварите во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Најдобар во победничкиот тим беше Серџо Љуљ со 17 поени, а 16 поени постигна Винсент Поире. Кај Макаби немаше ниту еден кошаркар со двоцифрен број поени.

Се вчитува...