Реал Мадрид им бара нови тимови на своите напаѓачи, место се ослободува за Мбапе

Реал Мадрид се надева на договор со ПСЖ за напаѓачот Килијан Мбапе до крајот на 31 август, а притоа Карло Анчелоти сака да им пронајде нови тимови на Лука Јовиќ и Мариано Дијаз. Сега уште еднаш Мариано одби да ја прифати понудата од друг тим и сака да остане во Реал Мадрид, и покрај фактот дека за две сезони настапи на само 29 меча.

Поради тоа што „кралевите“ имаат потешкотии со Дијаз, Реал ќе се обиде да се ослободи од Јовиќ, кој не е во плановите на Анчелоти. Реал Мадрид останува оптимист за епилогот околу Јовиќ, кој би можеле да го испратат на позајмица, а еден од заинтересираните клубови е Милан, иако тие веќе го ангажираа Оливие Жиру.

„Кралевите“ во овој летен трансфер период немаат засилување во нападот, па најпосакуван е младиот напаѓач на ПСЖ, па според шпанските медиуми, претседателот на Реал, Флорентино Перез е подготвен да направи се’ за ангажман на Французинот до крајот на ова лето.

Се вчитува...