Реал Мадрид има тајна операција со кодно име „Мбапе“

Килијан Мбапе се уште е играч на ПСЖ, но без можност да тренира со првиот тим поради одлуката да не го продолжи договорот со „светците“.

Новинарот на ЕСПН, Родриго Фаез, сепак тврди дека Реал Мадрид направил значителен напредок во „Операцијата Мбапе“, кој летово одби огромна понуда од Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Фаез тврди дека одредени детали од преговорите не се објавени, а тие би можеле да бидат одлучувачки за разврска на случајот.

„Оваа недела имаше значителен развој во врска со договорот со Мбапе, но немаше протекување на информации“, вели Фаез. 

Се вчитува...