Во „новиот“ Реал Мадрид предводен од Чаби Алонсо нема место за младата бразилска фудбалска ѕвезда Ендрик. Напаѓачот во сезоната 2025/26 не доби ниту минута од страна на шпанскиот стратег па со цел да се избегне незадоволство во соблекувалната раководството на гигантот намерува да го испрати на позајмица.
За негов ангажман интерес покажаа Марсеј, ПСЖ и Јувентус меѓутоа Ендрик пак нема намера да замине од „Сантијаго Бернабеу“ и покрај тоа што ја „грее клупата“.
Со тоа Енрик ризикува да не добие место во бразилската репрезентација за престојното Светско првенство, но сака да се бори за секоја минута во Реал Мадрид и да докаже дека припаѓа во тимот, и покрај многуте совети од поранешните фудбалери на „кралскиот тим“ да побара нова средина за докажување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

