Реал Мадрид ја продолжува соработката со Модриќ – Хрватот останува „крал“ уште една година

Лука Модриќ во наредните денови ќе стави потпис на нов договор со Реал Мадрид, Хрватот ќе остане дел од „кралското“ семејство уште една година, вака пренесуваат медиумите од Шпанија.

Модриќ иако има 36 години игра уште една фантастична сезона, па има понуди на маса, но негова желба е да ја заврши кариерата во Мадрид.

Реал му понуди продолжување на договорот на уште една сезона, а двете страни немаа проблем да постигнат договор.

Хрватот во наредните денови ќе стави потпис на договор до јуни 2023 година и најверојатно ќе ја заврши кариерата на „Сантиаго Бернабеу“.

 

 

Се вчитува...