Реал Мадрид ја „врами“ вонсериската асистенција на Модриќ (ФОТО)

Лука Модриќ синоќа уште еднаш покажа дека со право важи за еден од најдобрите плејмејкери во светот. Иако е во четвртата деценија од животот, Хрватот демонстрираше неверојатна класа на теренот, откако со вонсериска асистенција го врати Реал во игра против незгодниот Челси.

Лука изведе атрактивно додавање до Родриго во 80. минута, кој успеа да даде златен гол за Реал Мадрид и да го „остави жив“ во Лигата на шампионите. Уживајте во ремек-делото на хрватскиот „Моцарт“.

Модриќ со добра игра и асистенции се истакна и на „Стемфорд бриџ“, а и на вториот дуел од осминафиналето против ПСЖ.

 

 

 

 

 

Се вчитува...