Реал Мадрид ќе биде прв ривал на Куман како тренер на Барса

Роналд Куман ќе има пеколно деби на клупата на Барселона, на пријателски натпревар на кој каталонскиот гигант за ривал ќе го има шампионот Реал Мадрид. Вечните ривали вообичаено играа контроли во САД во претходните неколку предсезони, но овојпат ситуацијата е многу покомпликувана, па нема и преголем избор за можни противници поради налогот од државните власти контроли да играат само екипи од првата и од втората лига.

Прв избор за Барса беше тест со Џирона, но откако оваа варијанта пропадна беше договорена контрола со Реал Мадрид, меч што ќе се игра на 12 септември без присуство на публика.

Сезоната стартува на 11 септември, па токму поради тоа Куман немаше преголем избор и мора да игра контроли со екипи кои исто така настапуваа во завршницата од европските купови. За потсетување, Барса поради учеството на Ф8 од ЛШ во Лисабон ќе ги пропушти првите две рунди и сезоната ќе ја стартува во третото коло, на 26 септември против Вилјареал. Реал беше елиминиран од Манчестер Сити уште пред Ф8, па затоа „кралевите“ ќе пропуштат само едно коло на стартот од новата сезона и ќе почнат од втората рунда, со гостување против Реал Сосиедад на 20 септември.

Се вчитува...