Реал Мадрид ќе го искористи Хамес Родригез како мамка за Кристијан Ериксен

Европскиот првак Реал Мадрид по секоја цена сака да го ангажира данскиот интернационален Кристијан Ериксен од Тотенхем. Претседателот Флорентино Перез има план да доведе неколку големи засилувања следното лето, а Данецот е можеби и клучното име во новиот проект. Има и конкретно решение. Тој ќе го понуди колумбискиот интернационалец Хамес Родригез како дел од трансферот.

Хамес Родригез беше на позајмица во Баерн Минхен, но баварскиот клуб одлучи да не го откупува комплетно неговиот договор. Ова значи дека Колумбиецот ќе мора да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната, а потоа веднаш би можел да замине и во Премиер – лигата, облекувајќи го дресот на Тотенхем. Англискиот премиерлигаш за Ериксен бара неверојатни 200 милиони евра, но раководството на „кралевите“ се надева дека сепак ќе успее да го ангажира одличниот играч за врска кој има договор до 2020 година. Тој треба да биде замена за Хрватот Лука Модриќ, кој по завршувањето на сезоната треба да се пресели во Интер.

Се вчитува...