Реал Мадрид: Лага е дека преминуваме во Премиерлигата, некој сака да му наштети на клубот

Шпанскиот „Мундо депортиво“ утрово објави вест во која се вели дека Реал Мадрид поради несогласувања со првиот човек на Ла лига, Хавиер Тебас сака да го напушти шпанското првенство и да се пресели во Премиерлигата.

Од клубот излегоа со соопштение во кое велат дека оваа информација е целосна лага и дека некој сака да го уништи реномето на клубот.

„Информацијата која ја објави „Мундо депортиво“ утрово во кое се вели дека Реал Мадрид ќе ја напушти Ла лига и ќе премине во Премиерлига е целосна лага. Тоа е апсурдно и невозможно. Некој сака да му наштети на клубот“, стои во соопштението од клубот. 

 

Се вчитува...