Реал Мадрид лесно се справи со Макаби во Белград

Европскиот првак Реал Мадрид продолжија со максимален ефект во Евролигата, откако дојдоа до 10-тата победа во десетиот натпревар. „Кралевите“ го совладаа составот на Макаби Тел Авив на „негов“ терен во Белград убедливо со 99-70.

Уште по првиот дел Реал се стекна со огромна предност од 15 поени разлика, за во втората четвртина да дозволат Макаби да им се доближи. Меѓутоа во вториот дел Реал само додаде гас, и дојде до убедливиот триумф.

Таварес со 19 поени беше најефикасен на целата средба, додека кај Макаби Браун беше најефикасен со 16 поени.

Се вчитува...