Реал Мадрид му се меша на Манчестер Јунајтед во трансферот на Џејдон Санчо

Реал Мадрид е заинтересиран за Џејдон Санчо, но нема пари за купување и се надева дека другите клубови заинтересирани нема да го грабнат набрзина. Ова е вест што во денешното издание ја пласира шпанскиот весник „АС“ кој на насловната страница има фотографија од Џејдон и текст „Внимавајте на Санчо“.

Младиот англиски репрезентативец кој е во фокусот на светската фудбалска јавност е поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед вреден 100 милиони евра. Санчо импресионира во дресот на Борусија Дортмунд и благодарение на тоа доби и место во англиската фудбалска репрезентација. Инаку тој потекнува од академијата на Манчестер Сити.

По заминувањето на Кристијано Роналдо, Реал Мадрид тешко ја пополнува дупката во нападот, па тренерот Зинедин Зидан би сакал да има играч од типот на Санчо во „кралските редови“. Сепак, опасноста за Реал е дека додека собира пари, Манчестер Јунајтед со кој наводно Санчо има начелен договор, би можел да го реализира трансферот.

Се вчитува...