Реал Мадрид на лето го купува Азар за 170 милиони евра

Белгискиот интернационалец Еден Азар во летниот преоден рок ќе направи мегатрансфер во Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ ќе плати отштета од 170 милиони евра и ќе дозволи Матео Ковачиќ комплетно да се пресели на „Стемфорд бриџ“. Оваа бомбастична информација ја лиферуваше медиумот „Onda Madrid“, кој ја потенцира решеноста на Флорентино Перез да го реновира тимот по завршувањето на оваа сезона.

Челси се обидува да го задржи Азар со зголемување на неделната плата на 335.000 фунти, но Белгиецот веќе подолг период ја истакнува својата желба да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Тој изјави дека сигурно нема да си замине од Лондон оваа зима, но тоа не може да го гарантира и за летниот преоден рок. Ова е јасен сигнал за Реал Мадрид да тргне во офанзива за негов ангажман.

Се вчитува...