Реал Мадрид најде купец за Герет Бејл, се враќа во Премиер – лигата

Велшкиот интернационалец Герет Бејл би можел да се врати во Премиер – лигата по завршувањето на сезоната. Реал Мадрид се чини дека пронајде сериозен купец за проблематичниот Бејл кој има огромна плата, а одамна не го дава максимумот во дресот на „кралевите“. Не се работи ниту за Манчестер Јунајтед, ниту за неговиот поранешен клуб Тотенхем, туку за новиот голем играч на трансфер-маркетот, Њукасл.

Откако принцот Мохамед бин Салман го купи Њукасл за сума од 300 милиони фунти, тој му ветил на раководството дека ќе добие доволно средства за ангажман на неколку големи ѕвезди. Една од желбите на новиот сопственик е и Герет Бејл. За него Реал Мадрид ќе бара околу 70 милиони фунти.

Њукасл набрзо треба да ја реши и менаџерската позиција. Стив Брус дефинитивно ќе замине, а во опција се Масимилијано Алегри и Мауриусио Покетино. Откако ќе биде избран и именуван новиот менаџер, ќе тргне и акцијата за ангажман на нови засилувања, а меѓу првите акцизиции треба да биде токму Герет Бејл.

Се вчитува...