Реал Мадрид најде замена за Куртоа

Реал Мадрид се соочи со големи и неочекувани проблеми пред самиот почеток на новата сезона откако на тренинг на тимот повреда на вкрстените лигаменти на левото колено заработи првиот голман Тибо Куртоа за кој сезоната е завршена.

Шпанскиот гигант веднаш започна потрага по неговата замена за која шпанските медиуми пренесуваат дека ќе биде домашен фудбалер кој ќе пристигне од редовите на Челси. Станува збор за Кепа Аризабалага кој не го оправда епитетот најскап голман на сите времиња во дресот на „сините“ и е расположен за враќање во татковината.

Кепа посакува трансфер во Реал Мадрид по секоја цена па и неговиот премин да биде на едногодишна позајмица. Реал Мадрид веќе стапил во контакт со менаџерскиот тим на Шпанецот и наскоро се очекува официјална понуда до Челси.

Се вчитува...