Реал Мадрид најмалку 20 дена без Асенсио

Сантијаго Солари се соочи со нов проблем во пресрет на финалето од клупскиот мундијал против Ал Аин, по повредата што за време на полуфиналната пресметка со Кашима ја заработи Маркос Асенсио. Деталните лекарски прегледи извршени врз шпанскиот репрезентативец покажаа дека Асенсио има кинење на мускул на десната нога, по што е препорачана пауза од најмалку 20 дена од фудбалските терени.

Ова значи дека Асенсио дефинитивно го пропушта финалето против Ал Аин, како и двете наредни средби од Примера дивизион, на гостински терен со Вилјареал (3 јануари) и пред своите гледачи против Реал Сосиедад (6 јануари).

Останува да се види дали Солари во ситуација кога Асенсио е повреден ќе му даде шанса во стартниот тим на Иско, кој е избришан од првите единаесетмина откако Аргентинецот го наследи Лопетеги на клупата на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...