Реал Мадрид најмалку два месеци без Карвахал

Дани Карвахал ќе мора да паузира најмалку два месеци од играње фудбал, откако беше утврдено дека шпанскиот репрезентативец има срцеви проблеми. При лекувањето од вироза врз дефанзивецот беа извршени детални прегледи кои донесоа загрижувачка инфомација – аномалија во работата на срцевата мембрана.

Во последните неколку дена врз Карвахал беа извршени низа тестови, по што лекарите дале препорака дека е преризично тој во скоро време да почне со тренинзи. Според медицинските лица, здравјето мора да биде во преден план, па на десниот бек на Реал му е препорачано воопшто да не се надева на камбек пред почетокот на декември.

Ова е уште еден во низата проблеми за Зинедин Зидан, особено ако се знае дека Реал летово го продаде Данило во Манчестер сити, не носејќи нов играч како резервна опција на позицијата десен бек.

Се вчитува...