Реал Мадрид нуди 170 милиони евра за „пакетот“ Кејн – Покетино

Се е подготвено за „ремонт“ во Реал Мадрид, а Флорентино Перез е свесен дека ќе мора да го одврзе ќесето и да доведе врвни засилувања за од следната сезона неговиот клуб повторно да атакува на трофеи во шпанската и во европската фудбалска сцена. Реал подготвува „бомба“, па заедно со Маурицио Покетино би сакал да го доведе и Хари Кејн, „пакет“ од Лондон за чии услуги на Тотенхем би му биле понудени 170 милиони евра.

Шпанските медиуми ги потенцираат имињата на Зинедин Зидан и Жозе Мурињо како главни кандидати за тренер на Реал за наредната сезона, но британските весници тврдат дека Флорентино Перез се уште не се откажал од намерата да го доведе Маурицио Покетино.

Стратегот на Тотенхем го одби Перез кога Лопетеги беше заменет јасно ставајќи до знаење дека не сака да го остави лондонскиот клуб на цедило среде сезона. Сепак, ситуaцијата е поинаква по завршувањето на сезонава, па иако Покетино има договор со „спарси“ тој би прифатил преселба на клупата на најтрофејниот европски клуб. Аргентинецот со себе би го зел и Кејн, Реал веќе подготвил 170 милиони евра, но на потег е Тотенхем, кој тешко дека ќе дозволи во ист преоден рок да остане и без врвниот стратег и без најдобриот фудбалер.

Се вчитува...