Прво досуден, па поништен пенал, потоа поништен гол на Мбапе поради милиметри офсајд, но од трет пат, „кралевите“ дојдоа до предност во дуелот со Барселона.
Се играше 22. минута, кога Белингем упати одлична топка до Мбапе, кој излезе сам пред голот, и стрелаше во мрежата на Шчесни за, конечно, Реал да дојде до водство од својата трета ситуација пред голот на „Каталонците“.
И овој гол беше блиску до офсајд, но Сото Градо доби инструкции од ВАР собата дека се е чисто, па фештата на „Сантијаго Бернабе“ можеше да почне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

