Претставниците на Ендрик вчера се сретнаа со извршниот директор на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез, за да разговараат за иднината на Бразилецот. Според „Ел Чирингито“, двете страни постигнале договор 19-годишниот напаѓач да биде позајмен на друг клуб во јануари. Конкретните услови поставени од претставниците на играчот се дека неговиот нов тим нема да биде од Ла Лига и дека Ендрик нема намера да се врати во Бразил, иако Палмеирас е заинтересиран да го врати.
Реал Мадрид сакаше да го испрати Бразилецот во друг тим во Ла Лига, но желбата на играчот е да се пресели во сериозен клуб, со кој може да игра во Лигата на шампионите или Лигата на Европа.
Во Англија, пред неколку дена се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед, Вест Хем и Брајтон се заинтересирани, но тие очигледно се надвор од опција бидејќи не учествуваат на европските турнири. Астон Вила , Њукасл, Јувентус и Олимпик Марсеј се меѓу потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат условите поставени од Ендрик и неговите менаџери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

