Реал Мадрид официјално се засили со турски центар

Турскиот центар Омер Јуртсевен и официјално ќе игра за Реал Мадрид до крајот на сезоната. Тој е слободен агент откако заврши сезоната во НБА со Голден Стејт, и ќе му помогне на тимот да дојде до титулата во шпанското првенство. Тој ќе игра само во домашниот шампионат, додека ќе нема право за настап во Евролигата.

Доаѓањето на Јуртсевен беше врвен приоритет за тимот на Серхио Скариоло. Повредите на Таварес и Лен сериозно го ослабнаа нивниот преден дел, оставајќи ги само Усман Гаруба и Изан Алманса како вистински центри. И на двајцата им беа потребни сигурни замени за последниот дел од сезоната.

Јуртсевен е роден во Узбекистан. Во минатото играше за Фенербахче, каде одигра 11 меча во Евролигата. Потоа мина четири сезона во НЦАА лигата, а потоа во Нба. Минатаа сезона беше дел од Панатинаикос за да игра со Ергин Атаман, кој му е и селектор во турската репреентација, а минатиот март се врати во САД.

Се вчитува...