Реал Мадрид остана без клучен играч пред финалето во ЛШ

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени ќе го пропушти финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (1 јуни) поради повреда на стапалото, потврди Карло Анчелоти. Францускиот репрезентативец се повреди на реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.

Анчелоти откри дека Чуамени ќе се обиде навреме да се опорави за настап на Европското првенство за Франција. 

Се вчитува...