Реал Мадрид останува во трката по Елмас!

Реал Мадрид останува во игра за потписот на Елиф Елмас, по најавите дека македонскиот репрезентативец летово би можел да си замине од редовите на Фенербахче. Оваа информација ја објави мадридскиот весник „Ас“, посочувајќи дека интересот од Реал покажан пред неколку месеци не завршил експресно, туку „кралевите“ продолжиле да ги следат настапите на Елмас и во изминатиот период.

„Иако нема ниту 20 години, офанзивниот играч за врска веќе има 39 натпревари сезонава за Фенербахче, постигнувајќи еден гол. Интернационалецот од Македонија може да игра како „десетка“ или како лево крило, дојде во Фенербахче од македонскиот клуб Работнички, каде дебитираше на 16 години и три месеци“ – новинарите на „Ас“ го опишуваат „македонскиот дијамант“.

Елиф Елмас не е дел од плановите на тренерот Ерсун Јанал, кој му дава се помала минутажа на македонскиот ас. Се очекува Елмас да биде продаден во текот на летово, а покрај Реал Мадрид интерес за неговите услуги покажуваат уште и Лестер, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Лион и Лацио.

Се вчитува...