Реал Мадрид подготвил 250 милиони евра за Мбапе

Реал Мадрид по секоја цена сака да го доведе Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето. Претседателот Флорентино Перез е сигурен дека Мбапе во иднина ќе прерасне во најдобар фудбалер во светот и сака да го ангажира без разлика колку тоа ќе чини.

Како што открива шпанскиот „АС“, Реал Мадрид има подготвено 250 милиони евра, понуда што ќе биде испратена до раководството на Пари Сен Жермен пред крајот на оваа сезона. Тоа би бил нов рекорден трансфер во светот на фудбалот, откако токму ПСЖ плати 222 милиони евра на Барселона за ангажман на Нејмар.

Покрај Реал Мадрид, за напаѓачот на ПСЖ се интересираат и Барселона и Манчестер Сити. Пари Сен Жермен исто така се обидува да го обнови неговиот договор и да го задржи долго во своите редови.

Се вчитува...