Реал Мадрид прави преседан поради Лука Модриќ

Лука Модриќ се уште не потпиша нов договор со Реал Мадрид, иако медиуми блиски до кралскиот клуб веќе со месеци пишуваат дека се е договорено. Еден од најреномираните шпански весници, АС ги откри деталите околу понудата која „кралевите“ му ја доставиле на Хрватот.

На Лука му е понуден договор (1+1) што значи дека хрватскиот интернационалец би останал во Мадрид до летото 2024 година. „Кралскиот клуб“ така би направил преседан бидејќи ниту еден ветеран последнава деценија не доби договор подолг од една година.

АС додава дека двете страни се договориле Модриќ да остане во клубот и по завршувањето на фудбалската кариера, а дополнително ќе биде одредена функцијата што ќе му биде доделена на Хрватот.

Се вчитува...