Реал Мадрид потпиша уште еден бразилски „бисер“

Откако ја загуби трката по Нејмар од Барселона, Флорентино Перез е упорен во обидите да ги осигура потписите на најталентираните млади бразилски фудбалски асови.

Од пред извесно време е осигуран потпишан Виничиус, а од денеска нов член на актуелниот првак на Европа е и 17-годишниот Родриго. Овој суперталентиран тинејџер доаѓа од редовите на Сантош, а „кралевите“ ќе платат огромни 40 милиони евра за неговиот потпис.

Можеме да потврдиме дека е постигнат целосен договор со Реал Мадрид за трансферот на Родриго. Фудбалерот ќе се пресели во Мадрид во јули 2019 година“ – соопшти Сантош на својата официјална веб-страница.

Се вчитува...