Реал Мадрид повторно „загреан“ за Родри

Иднината на фудбалерот од средниот ред Родри во Манчестер Сити стана тема на разговор во Реал Мадрид, а шпанскиот играч од средниот ред се појави како неочекувана опција откако клубот спроведе анализа на ситуацијата во играчкиот кадар на тие позиции.

Според информациите од странските медиуми, Родри му бил понуден на Реал Мадрид за сума од околу 70 милиони евра.

Иако претседателот на Реал, Флорентино Перез, претходно не покажа голем интерес за доведување на шпанскиот репрезентативец, неговите одлични настапи на Светското првенство во 2026 година повторно ја отворија дебатата во клубот.

Се наведува дека официјалниот став на мадридските гиганти не е променет, но дека формата на Родри дополнително ги зајакнала аргументите на оние во клубот кои веруваат дека оваа можност треба сериозно да се разгледа.

Иако на клупско ниво Шпанецот немаше партии какви што од него се очекуваа, сепак, на Мундијалот во САД, Мексико и Канада покажува импресивни партии, а има голем придонес во пласманот во финалето на својата селекција. Токму овие настапи повторно го „загреаа“ Реал Мадрид да се интересира за неговите услуги.

Некои луѓе во клубот веруваат дека играчот од средниот ред на Манчестер Сити би можел веднаш да направи разлика, особено поради неговото огромно искуство и способност да го контролира ритамот на натпреварите од длабочината на теренот.

Исто така, постои мислење дека ситуацијата со неговиот договор би можела да оди во корист на Реал.

Родри има само уште една година од договорот со Манчестер Сити, па некои луѓе во Мадрид веруваат дека англискиот клуб би можел да биде подготвен да преговара за да не го изгуби за многу помала сума следното лето.

Се вчитува...