Реал Мадрид пред потпис со млада француска ѕвезда

Младиот француски стопер, Лени Јоро со одличните настапи во дресот на Лил го припами погледот на најголемите европски гиганти. За неговиот потпис се заинтересирани и Реал Мадрид и ПСЖ, а голема е веројатноста дека ќе се пресели во главниот шпански град.

Осумнаесетгодишникот кој веќе има 40 настапи во сениорскиот фудбал самиот изразил желба за преселба на „Сантијаго Бернабеу“ и очекувањата се дека истата ќе се случи ова лето со оглед на тоа што неговиот договор со францускиот клуб истекува во 2025 година по што ќе биде слободен да ја бира новата средина.

Покрај Јоро кој популарниот „Трансфермаркт“ го проценува на 25 милиони евра, трансфер желби на Реал Мадрид престојното лето се и Килијан Мбапе и Алфонсо Дејвис.

Се вчитува...