Реал Мадрид пред рушење на рекорд стар 23 години!

По срамниот пораз од Шахтјор, на Реал Мадрид му се заканува рушење на рекорд стар 23 години!

По одиграното претпоследно коло кралевите се наоѓаат на третото место во групата, а на само уште еден кикс се пред испаѓање од Лигата на шампиони. Зидан, и покрај слабите резултати во Ла Лига и во Лигата на шампионите, вети дека тој и неговиот тим ќе продолжат да се борат.

На Реал му треба победа на мечот со Менхенгладбах, под услов Шахтјор да не триумфира во Италија. Во спротивно, кралскиот клуб по 23 години нема да ја помине групната фаза од Лигата на шампиони, и ќе се опрости од европската фудбалска сцена.

Се вчитува...