Реал Мадрид рутински против Зенит

Кошаркарите на Реал Мадрид стигнаа до нова победа во Евролигата, откако го совладаа Зенит Санкт Петерсбруг нагости со 71-86.

Искуството на гостите беше клучен фактор во мечот во кој во сите четвртини „кралевите“ беа за нијанса подобар противник. На полувреме тие заминаа со предност од плус пет (37-44). Во вториот дел рутински го држеа водството кое во секоја минута се зголемуваше за на крајот да стигнат и до убедлива победа од 71-86.

Факундо Кампацо со 15 поени беше прво име во победничкиот табор, Дек уфрли 12, додека Фернандез и Козер го завршија мечот со по 11 поени. Кај гостите се истакна поранешниот кошаркар на Реал, Густаво Ајон со 18 поени.

Се вчитува...