Реал Мадрид се „растура“ поради Килијан Мбапе

Реал Мадрид ја започна ерата со Чаби Алонсо. Младиот шпански стратег летото го искористи за формирање на состав по своја желба кој допрва ќе биде обликуван во следните трансфер периоди, откриваат медиумите блиски до клубот.

За разлика од „мирното“ лето кога станува збор за заминувањата од „Сантијаго Бернабеу“, следното лето се очекуваат бомбастични замилувања во имињата на Винисиус Џуниор и Родриго.

Бразилските репрезентативци беа незаменлив дел од составот пред пристигнувањето на Килијан Мбапе, но сега нивното место не е загарантирано пред Французинот па се очекува да ја променат средината.

Реал Мадрид од заминувањето на овој двоец се очекува да заработи околку 350 милиони евра кои ќе ги искористи за нови засилувања кои перфектно ќе се вклопат во тактичните замисли на Алонсо.

Се вчитува...