Реал Мадрид со ултиматум за Вини: Земи или остави!

Раководството на Реал Мадрид му постави ултиматум на Винисиус Жуниор по неколкумесечни преговори за нов договор. Бразилскиот напаѓач и неговите агенти се известени дека понудата на клубот е конечна и мора веднаш да се прифати, во спротивно, играчот ќе биде ставен на трансфер-листата ова лето. Клубот нема намера дополнително да ги подобрува условите.

Според шпанскиот весник „Марка“, Реал Мадрид одлучи да стави крај на неизвесноста со овој цврст став. Пораката до него е јасна или Винисиус ќе ги прифати понудените услови, или клубот ќе започне процес на продажба. Овој потег има за цел да спречи сценарио во кое играчот би влегол во последната година од договорот, што би му овозможило да си замине на крајот од сезоната без обештетување.

Две клучни причини ја наведоа управата да го направи овој чекор. Првата е желбата да се реши статусот на една од главните ѕвезди на тимот, а втората е зголемениот интерес на Арсенал за овој бразилски фудбалер. Клубот смета дека веќе нема простор за одложување на одлуката.

Иако Реал Мадрид се уште го смета Винисиус за клучен играч чиј придонес ја оправдува високата плата, клубот одредил горна граница која нема намера да ја надмине. Раководството е решено да ја заштити внатрешната структура на плати и нема да ја наруши заради кој било поединечен играч.

Дополнителен притисок врз Винисиус создава и претстојното доаѓање на Диоманде, крилен играч од Брегот на Слоновата Коска кој може да игра на двете страни од теренот. Неговото доаѓање му обезбедува на тренерот Мурињо квалитетна алтернатива, со што се намалува зависноста на тимот од Бразилецот. Доколку Винисиус одбие да го продолжи договорот и остане во клубот, веројатно ќе ја помине следната сезона на клупата за резерви.

Винисиус Жуниор сега е пред одлука. Има три опции: да ја прифати конечната понуда на Реал Мадрид, да се согласи на трансфер ова лето или да остане во клубот и да ризикува сезона со минимална минутажа.

Се вчитува...