Реал Мадрид тргнува по младата ѕвезда на Леверкузен

20-годишниот играч на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц е главната ѕвезда на тимот предводен од Чаби Алонсо. Се уште се непоразени во сите натпреварувања, а веќе е јасно дека ќе стават крај на доминацијата на Баерн во Бундеслигата и дека ќе ја освојат титулата.

Младиот играч за врска на Баер Леверкузен го привлече вниманието на европските гиганти, па беше објавено дека за него се интересираат Ливерпул, Манчестер Сити и Баерн.

Сепак, шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е прв во таа трка и дека Флорентино Перез сака да го доведе Вирц во летото 2025 година за цена од 100 милиони евра.

Оваа сезона Вирц има импресивни бројки откако постигна 11 гола, а запиша и 17 асистенции во 37 мечеви во сите натпреварувања.

Се вчитува...