Реал Мадрид тргнува по најдобриот фудбалер на БСК

Иако младиот Јан Диоманде ги договорил сите детали со двократниот европски шампион ПСЖ, клубовите не постигнале договор, па тој трансфер сега е во мирување.

Реал Мадрид ја искористи оваа ситуација и, како што пренесува Фабрицио Романо, испратил понуда до РБ Лајпциг за услугите на крилниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска. Младиот Диоманде оставил одличен впечаток на натпреварите против Еквадор, Германија, Курасао и Норвешка, а големите клубови веќе подолго време ја следат неговата ситуација.

ПСЖ се договори со него, но парижаните не испратија  задоволителна понуда до Лајпциг. За него биле заинтересирани и Ливерпул и Арсенал, но проблемот за Диоманде е што тој сака да игра на десното крило, а тие два клуба не му го понудиле тоа.

Во Реал, тој би требало да добие шанса на десното крило бидејќи Мадрид всушност нема играч од таков профил.

Се вчитува...