Реал Мадрид веднаш му понуди подобар договор на Кристијано Роналдо

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо најави можно заминување од редовите на актуелниот европски првак Реал Мадрид, а причина за тоа се неисполнетите ветувања на претседателот Флорентино Перез за зголемување на неговата годишна плата. Иако ветувањето го дал пред седум месеци, сепак, платата на Роналдо не е соодветно зголемена.

Но, „кралкиот клуб“ реагираше соодветно и ќе се обиде да го смири Португалецот. Од Шпанија пристигнуваат најави дека Реал Мадрид веќе му понудил нов договор со подобри услови за Кристијано Роналдо. Тој, како што открива „Кадена Коп“, ќе заработува 32,5 милиони евра по сезона, доколку се согласи со новите услови на клубот. Инаку, Роналдо има актуелен договор до 2021 година, кој во ваков случај би бил ревидиран.

Веќе се познати и деталите од новиот подобрен договор. Напаѓачот ќе зема 25 милиони евра плата, а дополнително ќе заработи и бонуси за успеси. Нов трофеј во ЛШ ќе значи заработка од 2 милиони евра за Португалецот, 1,5 милиони евра за титула во Ла Лига, 1 милион евра за Купот на Шпанија, а идентична сума ќе добие и ако ја добие наградата „Златна топка“. Доколку биде најдобар стрелец во ЛШ следната сезона, ќе добие бонус од 500.000 евра.

Се вчитува...