Реал Мадрид во Атина им се врати на победите, Алба во финишот го победи Жалгирис

После поразот од Фенербахче, Реал Мадрид се врати на победничките патеки совладувајќи го тимот на Олимпијакос на гостински терен со 77-71.

„Кралевите“ во речиси целиот тек на мечот имаа предност, со исклучок на средината на третиот дел кога Атина „експлодираше“ на предноста на Олимпијакос, меѓутоа на крајот европскиот првак дојде до победата.

Муса беше незапирлив за домашните, и постигна 23 поени, додека Хезоња го следеше со 18. Кај Олимпијакос најефикасен беше Вокап со 17.

Во вториот натпревар, Алба Берлин со одлична игра во последниот период, успеа да го совлада тимот на Жалгирис. Иако Литванците влегоа во последниот период со предност од +6, сепак, Германците ја топеа, и во финишот со серија од пет поени, стигнаа до победата. Жалгирис практично ја испушти победата, затоа што дозволи од предност од 59-62, противникот д дојде до 64-62.

Се вчитува...