Реал Мадрид во Германија ја најде замената за Модриќ

Лука Модриќ ќе игра во Реал Мадрид до јуни 2023 година, а потоа веројатно ќе се повлече од фудбалот. Хрватскиот ветеран е незаменлив дел од првиот тим на „кралевите“ веќе една деценија.

Шпанскиот гигант веќе размислува за иднината и ја има најдено замената за Модриќ. Според шпанските медиуми тоа е Џад Белингам од Борусија Дортмунд. Младиот Англичанец блеска во дресот на „милионерите“ и од Реал сметаат дека уште една сезона во Бундеслигата ќе го направи Белингам уште позрел играч.

„Лос Бланкос“ во средниот ред од помладата генерација веќе ги има Ернесто Валверде и Едуардо Камавинга, а покажува интерес и за Орељан Чуамени од Монако.

Се вчитува...