Реал Мадрид во Киев без тројца фудбалери

Реал Мадрид игра против Шахтјор Доњецк во Киев во 3. коло во Лигата на шампионите, во обид да се опорави од „шокот“ од Шериф доживеан на домашен терен минатото коло.

Во Киев, „кралевите“ патуваат без тројца фудбалери. Еден Азар ќе го нема поради повреда и пропушти неколку тренинзи. Тој замина во Белгија на рехабилитација, а ќе мора да одмора уште некој ден пред да се врати во тренажен процес.

Во Киев ќе ги нема и Јовиќ и Иско исто така поради повреди.

Затоа добрите вести за Карло Анчелоти се дека против Шахтјор ќе може да смета на Давид Алаба и Едер Милитао, кои се жалеа на повреди.

Во Киев исто така нема да патуваат одамна повредените Карвахал, Бејл и Себаљос.

Се вчитува...