Реал Мадрид во „клинч“ со Барселона за млада ѕвезда на Ајакс

Европскиот првак Реал Мадрид влезе во директна борба со ривалот Барселона за ангажман на младиот играч за врска на Ајакс, Френки де Јонг. Двата клуба подолг период го следат одличниот креатор на играта на холандскиот клуб, а „кралевите“ имаат намера да го ‘грабнат’ во јануари, пред носот на Барса.

Раководството на Реал Мадрид е подготвено да плати 50 милиони евра за фудбалерот на Ајакс, кој е скаутиран и од Тотенхем. Ајакс во летниот преоден рок одби неколку понуди за Де Јонг, ставајќи им на заинтересираните клубови до знаење дека нема лесно да се откаже од неговите услуги.

Минатата сезона, 21-годишниот Френки де Јонг во дресот на Ајакс одигра 22 натпревари и постигна седум гола.

Се вчитува...