Реал му даде на Мбапе највисока понуда во историјата, но ПСЖ нуди „безобразна сума“ за негово останување

Се чинеше дека трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е готова работа, но потоа наводно фудбалерот барал дополнителни пари од „кралевите“, а потоа и ПСЖ се јавил со нова „безобразна“ понуда за Французинот да остане во Париз.

Шпекулациите велеа дека Мбапе потпиша преддоговор со Реал Мадрид и дека на лето ќе се официјализира соработката. Сепак, се појавиле некои нови работи.

Едни информации велат дека Мбапе побарал дополнителни 100 милиони евра од Реал Мадрид, што наводно од „кралевите“ било одбиено. Потоа се појави информација дека ПСЖ му нуди нов двогодишен договор со плата од неверојатни 75 милиони евра годишно (150 милиони за двете години).

Шпанска „Марка“ најавува дека Мбапе на крајот ќе заврши во Реал, и дека е подготвен да му понуди повеќегодишен договор со плата од 50 милиони евра. Но, ако понудата од ПСЖ е навистина 75 милиони годишно, тогаш и натаму е повисока од онаа која ја нудат „кралевите“.

Се вчитува...