Реал на потег – Модриќ веќе има понуда од Јувентус и Катар!?

Лука Модриќ дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид во тековната сезона. Токму асистенцијата на Хрватот беше инспирација за кам-бекот и големата победа над Челси во рамки на четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Фудбалерот за врска сака да остане во шпанската престолнина. Но, ништо не е сигурно кога е во прашање Флорентино Перез, па деновиве на големо се шпекулира за иднината на ветеранот.

Хрватот има 36 години и се наоѓа во завршниот дел од кариерата. Добрата форма е причина да се верува дека ќе добие шанса да игра барем уште една година меѓу „кралевите“. Меѓутоа на маса неговиот агент има понуди од Катар и Јувентус.

Наводно, Модриќ одбил опција да се пресели во азискиот фудбал, но и натаму не дал одговор за потенцијалната преселба во Торино.

Се вчитува...