Реал не се откажува: Последна понуда за Азар!

Раководството на Реал Мадрид одлучи да испрати уште една, последна понуда за фудбалерот на Челси, Еден Азар.

Иако англиските медиуми претходниве денови објавија дека Белгиецот ќе остане член на „сините“ од Лондон, понудувајќи му и нов договор, Реал сепак во финишот на преодниот рок со последен обид да го доведе во своите редови.

Деновиве се очекува и последната официјална понуда на адреса на лондонскиот клуб.

Навивачите на „кралевите“ бараат засилувања, токму како и тренерот Хулен Лопетеги. Актуелниот состав, по заминувањето на Кристијано Роналдо, не влева голема доверба. Токму поради тоа сите сакаат звучно име на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...