Реал не се предава – понуда од 180 милиони евра за Мбапе

Реал Мадрид не се откажува од намерата да го доведе Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“ уште во текот на овој преоден рок, откако „кралевите“ испратија и втора официјална понуда до ПСЖ за францускиот репрезентативец голгетер.

Еден ден откако Леонардо објави дека ПСЖ нема да го продаде Мбапе за помалку од сумата што ја плати на Монако (180 милиони евра), „кралевите“ испратија понуда од точно 180 милиони, се со цел да ги убедат „светците“ да дадат зелено светло за овој трансфер. Првата понуда од 160 милиони евра беше одбиена експресно, па интересно ќе биде да се види каков ќе биде сегашниот одговор на ПСЖ.

Реал Мадрид според најновата понуда би платил 170 милиони евра при самата реализација на трансферот, а десет милиони би биле „врзани“ со исполнување на неколку клаузули.

Се вчитува...