Реал победнички тргна по „корона-периодот“, продолжува шампионската трка со Барса (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја продолжува шампионската трка со Барселона откако по паузата поради пандемијата на коронавирусот се врати со убедлив триумф од 3-1 против Еибар во 28. коло од Ла Лига.

Победата ја најави Крос со еврогол уште во 4. минута од натпреварот.

Пред полувремето „кралевите“ веќе имаа 3-0 со головите на Серхио Рамос во 30. минута и Марсело во 37. минута…

По овој триумф, Реал Мадрид со 59 бода повторно се врати на само два бода негатива од водечката Барселона.

Се вчитува...