Реал почнува со тренинзи на 11. мај, но и со распродажба: Отпишани шест фудбалери

Пандемијата на коронавирусот финансиски ги погоди поголемиот број од европските фудбалски гиганти. Клубовите се надеваат дека сезоната ќе биде продолжена како барем малку би се ублажил финансискиот удар. Но, од Реал Мадрид веќе почнуваат и со распродажбата како полесно би се справиле со кризата.

Кралскиот клуб имаше огромни планови за престојниот летен трансфер пазар, но сето тоа сега е во втор план. Летово Реал Мадрид планира сега продажба на шест фудбалери за да се ослободи финансиски простор за некое ново засилување. „Кралевите“ очекуваат губиток од 150 милиони евра со што е загрозен буџетот за засилувања.

Веќе е направен и списокот на шест фудбалери кои ќе бидат продавани. Прв на листата е Герет Бејл, а веднаш зад него е Хамес Родригез. На трансфер листата се и Марионо Диаз и Лукас Васкез, а иако тоа се уште не е официјално веќе се нагласува дека ќе мора да бидат продадени и Лука Модриќ и Марсело.

Реал Мадрид, денеска и официјално го одреди датумот за враќање на тренинзите – 11. мај. Тренинг-кампот ќе биде адаптиран согласно препораките, како фудбалерите би можеле да работат во групи.

Следната недела сите фудбалери, членови на стручниот штаб и помошниот персонал ќе бидат тестирани на коронавирус пред да се почне со тренинзите.

Се вчитува...