Едуардо Камавинга е засилувањето на Реал Мадрид за последниот ден од преодниот рок откако „кралевите“ попладнево го официјализираа ангажманот на француското „чудо од дете“.
Жела на сите во Реал беше летово да се ангажира Килијан Мбапе, но откако не беше постигнат договор со ПСЖ експресно беше договорен трансферот на 18-годишниот Камавинга од Рен. Францускиот клуб долго бараше неверојатни 100 милиони евра за својот „бисер“, но откако Камавинга одби да потпише нов договор, а стариот истекуваше на крајот од оваа сезона, сумата падна на „само“ 31 милион евра.
ПСЖ исто така беше заинтересиран за Камавинга, но „кралевите“ ја добија оваа трка со лутиот европски ривал и го потпишаа францускиот суперталент.
„Реал Мадрид и Рен постигнаа договор за трансферот на фудбалерот Едуардо Камавинга, кој ќе бидбе член на нашиот клуб до 30 јуни 2027 година“, објави Реал Мадрид преку клупско соопштение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА