Реал прослави јубилеј: Една година без црвен картон

И оваа 2018 година беше многу успешна за Реал Мадрид, откако „кралевите“ трета сезона по ред триумфираа во Лигата на шампионите, а пред неколку дена ја збогатија својата колекција на трофеи со уште еден пехар од клупскиот мундијал.

Шпанските медиуми објавија уште еден интересен податок, дека на 60-те натпревари што „кралскиот клуб“ ги одигра во 2018 година фудбалерите на Реал не добиле ниту еден единствен црвен картон. Последен пат играч на Реал беше исклучен на 23 декември 2017 година, кога Дани Карвахал поцрвене при поразот од 0-3 од Барселона на „Сантијаго Бернабеу“.

Годинава Реал одигра 33 средби од ланската сезона и уште 27 од сезоната 2018/19, но ниту еден од актуелните европски прваци и покрај не добил црвен картон.

Серхио Рамос, кој важи за убедливо најгруб фудбалер во Шпанија со вкупно 24 црвени картони како член на Реал (седум директни и 17 за два жолти), последен пат бил исклучен пред речиси 400 дена, на гостувањето против Атлетик Билбао на 2 декември 2017 година.

Се вчитува...