Реал Мадрид очигледно не успеа и во последниот обид да го ангажира младиот напаѓач на Франција и ПСЖ, Килијан Мбапе. „Кралевите“ никако не можат да ги задоволат барањата на челниците на „светците“, па овој трансфер останува да го чекаат за реализација веќе од зимскиот трансфер период.
Килијан Мбапе влезе во последната година од договорот за соработка со ПСЖ, па веќе од следното лето тој ќе стане слободен агент, а ПСЖ во месец јануари ќе ја има последната шанса да заработи барем нешто од овој млад фудбалер, чија цена во моментот е проценета на над 200 милиони.
Доколку ништо не се случи ниту во јанураи, тогаш претседателот на Реал, Флорентино Перез ќе му понуди пред договор на Мбапе дека од следното лето ќе стане нов фудбалер на „кралевите“, па Реал на тој начин ќе добие бесплатно милионско засилување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА