Реал се откажа од Азар, па тргна по Вилијан

Реал Мадрид најави откажување од трката по Еден Азар, но „кралевите“ немаат намера да го остават на мира Маурицио Сари и тимот на Челси, испраќајќи понуда за Вилијан.

Ставот на Челси е дека Азар не е за продажба, но откако се појави информацијата дека Вилијан е близу до Манчестер јунајтед раководството на Реал реши да реагира и да се вклучи во трката по одличниот Бразилец. Британскиот весник „Дејли мејл“ тврди дека Челси веќе добил понуда од 100 милиони евра за Вилијан и за голманот Куртоа, кој се наоѓа многу близу до преселба на „Сантијаго Бернабеу“.

Доколку се даде зелено светло за заминување на бразилскиот ас, тогаш за Челси подобро е да го продаде надвор од Премиер-лигата отколку да засили директен ривал, откако „сините“ минатото лето беа жестоко критикувани за продажбата на Матиќ токму во Манчестер јунајтед.

Се вчитува...